САД и Кина постигнаа трговски договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД со Кина ја договориле првата фаза од трговскиот договор, според која Вашингтон ќе се откаже од воведување царини за увоз на кинески артикли, додека Пекинг ќе го зголеми купувањето на американски земјоделски производи.
– Постигнавме многу детален договор од првата фаза со Кина. Тие се согласија на многу структурни промени и огромно купување на земјоделските производи, енергетски и индустриски производи и уште многу други, напиша Трамп на Твитер.
Тој додаде дека нема да се наплаќаат казнените царини утврдени на 15 декември поради фактот што е постигнат договор. Трамп најави дека ќе почнат преговорите за втората фаза.
– Оваа е исклучителен договор за сите. Ви благодарам!, напиша Трамп на Твитер.
Во меѓувреме Канцеларијата на американскиот трговски претставник (УСТР) објави дека САД прифатиле „значително“ да ги модифицираат своите царини за кинеските производи во првата фаза од трговскиот договор со Пекинг, а Кина да купува многу повеќе американски артикли и услуги.
Според договорот, Вашингтон ќе ги задржи 25 процентните царини на околу 250 милијарди долари американски увоз од Кина, додека царините воведени на кинеските производи во вредност од 120 милијарди долари ќе се намали на 7,5 отсто.
Во соопштението од УСТР се наведува дека трговскиот договор бара структурни реформи на кинескиот економски и трговски режим во областите на интелектуалната сопственост, трансфер на технологијата, земјоделството, финансиските услуги, девизниот курс. Договорот вклучува и „силен систем за решавање на споровите“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
-

Папата: Не молчете пред светските конфликти
