САД и Јужна Кореја почнаа заеднички поморски вежби
Јужна Кореја и САД денеска ги почнаа своите први заеднички поморски вежби во последните пет години во близина на Корејскиот полуостров, еден ден откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета со краток дострел.
САД се воен сојузник на Јужна Кореја, каде што се стационирани околу 28.500 американски војници за да ја заштитат земјата од северниот сосед вооружен со нуклеарно оружје. Конзервативниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол, кој дојде на власт во мај, се обидува да го зајакне тој воен сојуз по неуспешните напори на претходната јужнокорејска влада да постигне дипломатско зближување со Пјонгјанг, пренесува Бета.
– Вежбите се подготвени да ја покажат силната волја на јужнокорејско-американската алијанса да одговори на севернокорејските провокации, соопшти јужнокорејската морнарица. За време на четиридневните вежби ќе бидат ангажирани повеќе од 20 бродови, меѓу кои и американскиот носач на авиони на нуклеарен погон Ју-Ес-Ес Роналд Реган, како и бројни борбени авиони и хеликоптери.
Вежбите ќе се состојат од симулација на поморска и противподморничка војна, тактички маневри и други поморски операции, соопшти морнарицата.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана