САД и Франција со поддршка за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ
Американскиот државен секретар Мајк Помпео и францускиот министер за надворешни, Жан-Ив Ле Дриан, на маргините на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за пораз на исламската држава, изразија поддршка за членство на Севрна Македонија во ЕУ, соопшти викендов Стејт департментот.
Освен за напорите за траен пораз на ИД, тие разговарале и за важноста на НАТО, за континуираната трансатлантска соработка за одговор на заканите по заедничките безбедносни интереси и за важноста од пристапувањето во ЕУ на Северна Македонија и Албанија.
-Помпео и министерот за надворешни работи Ле Дриан разменија мислења за важноста од пристапувањето во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, за поддршката на Украина и за одговорноста на Иран за тековните провокации, се вели во соопштението од Стејт Департментот.
Државниот секратар ја искажал цврстата посветеност на Администрацијата во НАТО алијансата.
Глобалната коалиција за пораз на ИД е формиарана во 2014 година и вклучува средби на таканаречената Мала група за Сирија, во која учествуваат Франција, Велика Британија, Германија, САД, Саудиска Арабија, Јордан и Египет.
Во заедничка изјава се укажа дека групата дава цврста поддршка за Геир Педерсен, специјален претстваник на ОН во Сирија, за имплементација на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН за запирање на насилствата во оваа земја.
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР