САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта

Администрацијата на Трамп во вторникот го продолжила за еден месец исклучокот од забраната за купување санкционирана руска нафта и нафтени производи натоварени на бродови на море, во обид да го ограничи порастот на глобалните цени на енергијата кои достигнаа рекордни максимуми за време на американско-израелската војна против Иран, објавија британските медиуми.
Американското Министерство за финансии дозволи купување нафта натоварена на бродови од 17 април до 16 мај, продолжувајќи го првичниот рок што истече на 11 април, според документ објавен на веб-страницата на министерството.
Продолжувањето на мерката доаѓа два дена откако американскиот секретар за финансии Скот Бесант изјави дека Вашингтон нема да го обнови ослободувањето што им овозможува на земјите да купуваат руска нафта без да ризикуваат санкции од САД.
Пратеникот на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, претходно изјави дека првично исклучокот од забраната ќе ослободи околу 100 милиони барели руска сурова нафта, количество што е речиси еднакво на дневното глобално производство.
Иако привременото олеснување од санкциите би можело да ги зголеми глобалните залихи на нафта, тоа не го спречи зголемувањето на цените на горивата поради делумното затворање на Ормуската Теснина, низ која пред војната минуваше околу 20 отсто од дневниот светски извоз на нафта и гас.
Ослободувањето може да ги комплицира напорите на Западот да ја лиши Русија од приходи за нејзината војна во Украина и да го доведат Вашингтон во конфликт со своите сојузници, забележуваат британските медиуми.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, веќе изјави дека не е вистинско време за ублажување на санкциите врз Русија.
MИА
Ново на Сител
-

Адвокатката на Дејан Јованов бара исклучување на јавноста и реакција на судот поради закани упатени кон него
-

СПМ: На 123 годишнината од погибијата во спомен на Гоце Делчев - Социјалистот и Апостолот на македонската слобода
-

Иранската армија ги предупреди САД да не влегуваат во Ормуската Теснина
-

Фон дер Лајен: Европа мора да стане понезависна во енергетиката, одбраната и снабдувањето
-

Руте: Европа ја разбра пораката на Трамп за воените бази
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
