САД го поздравија договорот за размена на затвореници меѓу Ерменија и Азербејџан
САД ги поздравија изјавите на Ерменија и Азербејџан за размена на затвореници, нарекувајќи го тоа важен чекор за зацврстување на довербата во време кога двете страни прават напори за мирен договор и нормализација на односите.
Ереван и Баку претходно објавија за ослободување на двајца азербејџански и 32 ерменски затвореници.
-Високо ги цениме заедничките напори на претседателот на Азербејџан (Илхам) Алиев и премиерот на Ерменија (Никол) Пашинјан како основа за мирна и просперитетна иднина на жителите од Јужен Кавказ, се вели во соопштението на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.
Се вели дека САД и понатаму одлучно ќе ги подржуваат напорите да се постигне цврст и достоен мир во регионот.
Исто така, синоќа беше соопштено за средбата меѓу Џејмс О’Брајан помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија и Алиев во средата, и дека таа била „позитивна и конструктивна“.
Учесниците ги истакнале длабоките историски врски меѓу САД и Азербејџан, како и значењето на билатералните односи.
О’Брајан истакна дека државниот секретар Ентони Блинкен „со нетрпение ги очекува министрите за надворешни работи на Азербејџан и на Ерменија“ кои наскоро доаѓаат во Вашингтон за следна рунда мировни проеговори.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај