САД ги повикаа Русија и Кина да преземат директни мерки против Северна Кореја

Американската администрација ги повика Русија и Кина да преземат конкретни мерки за да и го демонстрираат на Северна Кореја несогласувањето со неразумните нуклеарни проби, изјави синоќа државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон.
- Кина ја снабдува Северна Кореја со најголемиот дел од нафтата. Русија е најголемиот работодавач на севернокорејски работници, изјави шефот на американската дипломатија.
Според него, новите „провокативни ракетни лансирање“ на Северна Кореја значат дека јапонскиот народ по вторпат во последните недели бил изложен на закана. - Овие продолжени провокации само ја продлабочуваат економската изолација на Северна Кореја, рече Тилерсон.
Од своја страна, јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека Јапонија нема да ги толерира опасните акти на Северна Кореја кои го загрозуваат светскиот мир.
Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја исто така категорично ја осуди ракетната проба, нарекувајќи ја сериозна провокација, која ги загрозува меѓународниот мир и безбедност. Официјален Сеул соопшти дека земјата е целосно подготвена да одговори на сите закани од Северот.
Како одговор на севернокорејската проба, јужнокорејската војска денеска спроведе вежба со користење на балистичка ракета, која минала далечина еднаква на онаа до меѓународниот аеродром на Пјонгјанг - Сунан, од каде беше извршено севернокорејското лансирање, пренесува ТАСС.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
