САД дозволија привремени купувања на руска нафта заглавена на море

САД вчера издадоа привремено одобрение со кое им се дозволува на земјите да купуваат руска нафта која моментално е заглавена на море, додека Вашингтон се обидува да ги стабилизира енергетските пазари потресени од војната во која е вклучен Иран, јави ДПА.
Министерот за финансии Скот Бесент на Икс изјави дека мерката имала за цел „да го зголеми глобалниот дострел на редовното снабдување“.
„Оваа тесно прилагодена, краткорочна мерка се однесува само на нафтата што веќе е во транзит и нема да обезбеди значителна финансиска корист за руската Влада, која поголемиот дел од своите приходи од енергија ги добива од даноците проценети на местото на екстракција“, рече тој, пренесен од германската агенција.
Лиценцата дозволува испорака и продажба на руска сурова нафта и нафтени производи кои веќе биле натоварени на бродови од 12 март, се наведува во документот издаден од Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии.
Овластувањето останува во сила до 11 април на полноќ по локално време во Вашингтон, пренесе ДПА.
Овој потег доаѓа во време кога енергетските пазари се потресени од војната на Блискиот Исток. Превозот низ Ормускиот теснец, една од најважните светски рути за глобален извоз на нафта, нагло се забави поради стравувањата од ирански напади.
Пред неколку дена САД ѝ одобрија на Индија во следните 30 дена да може да купува руска нафта што веќе е на море, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
