САД домаќин на виртуелна средба на Индо-пацифичката економска рамка

САД утре ќе бидат домаќини на виртуелен состанок на претставниците на 14-те земји кои се приклучија на Индо-пацифичката економска рамка (ИПЕФ), додека Вашингтон се обидува да ги прошири врските со Азија.
Домаќини на состанокот ќе бидат трговскиот претставник на САД, Кетрин Тај и министерката за трговија Џина Раимондо.
На Вашингтон му недостигаше столб за своите врски во Индо-пацифичкиот регион, откако поранешниот претседател Доналд Трамп го напушти Пацифичкиот трговски договор и го остави отворен теренот за Кина да го прошири своето влијание.
Покрај САД, во ИПЕФ учествуваат и Австралија, Брунеи, Фиџи, Индија, Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Нов Зеланд, Филипините, Сингапур, Тајланд и Виетнам.
Темите на утрешниот состанок ќе вклучуваат трговија, синџири на снабдување, чиста енергија, инфраструктура, оданочување и борба против корупцијата.
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
