САД: Да стапи во сила уредбата за забрана на влез на лица од шест земји

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска побара од Уставниот суд да биде одобрено стапувањето во сила на најновата уредба на Трамп за забрана на влез во земјата на државјани од шест претежно муслимански земји.
Барањето беше упатено, откако минатата недела американскиот Апелациски суд во Калифорнија дозволи забраната делумно да стапи во сила, односно да забрани влез за лицата од шестте земји кои немаат фамилијарни врски во САД.
Апелацискиот суд во Сан Франциско делумно го одобри барањето на администрацијата на Трамп да се блокира претходната судска одлука, поради која уредбата на Трамп не се применуваше.
Забраната се однесува на државјаните од Иран, од Либија, од Сирија, од Јемен, од Сомалија и од Чад, но не и за државјаните од Северна Кореја и од Венецуела, за кои американскиот претседател бараше забрана.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на дното
-

Фалат лекови поради бирократски процедури
-

За 40 проценти намалено производството на електрична енергија на хидроенергетскито систем Црн Дрим
-

Преглед на вестите од светот
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
