САД: Антинацистичката резолуција на ОН ја ограничува слободата на говорот

САД се една од трите земји, кои вчера гласаа против резолуцијата на Обединетите нации, со која се осудува глорификацијата на нацизмот, а како причина за отфрлањето го наведоа ограничувањето на слободата на говорот и загриженоста дека Русија може да ја користи таа резолуција за политички напади врз своите соседи.
Резолуцијата наречена „Сузбивање на глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите пракси, кои придонесуваат за поттикнување на современи форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција“ беше усвоена од Комитетот на ОН за човекови права со 131 гласа „за“, три „против“ и 48 „воздржани“.
Освен САД против резолуцијата гласаа и Украина и Палау, држава во Пацификот.
- Безрезервно ги осудуваме сите форми на верска и етничка нетолеранција и омраза кај нас и ширум светот, изјави заменикот на американскиот претставник во Економскиот и социјалниот совет Стефани Амадео, појаснувајќи ја одлуката на САД за гласање против резолуцијата.
Таа додаде дека поради „премногу ограничениот видокруг и политизираната природа на резолуцијата, како и поради тоа што резолуцијата повикува на неприфатливо ограничување на основните слободи на изразување, САД не можат да ја поддржат“.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
