Саборот расправа за смена на премиерот Орешковиќ
Во Саборот почна расправа за отстранување од функцијата на хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ, иницирана од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на Томислав Карамарко, јави Хина.
Хрватскиот премиер пристигна во парламентот, придружуван од министрите од партијата Мост.
Тој во своето обраќање пред хрватскиот Сабор нагласи дека вистинската причина за уривањето на неговата Влада е тоа што поради заштита на националните интереси започнал да работи на решението на спорот со Ина-МОЛ со продолжување на арбитража и почеток на нови преговори, што некому не му одговорало.
- Не е тајна дека моите ставови за Ина, ЛНГ и енергетскиот сектор многу се разликуваат од ставовите на некои членови на Владата, и дека цврсто ги бранев бидејќи сум длабоко свесен која важност ја имаат Ина и енергетскиот сектор за нашата економија и се борев да ги заштитам нашите витални интереси, образложи Орешковиќ.
- Се пишува историја. Да го завршиме тоа што го започнавме, истакна Орешковиќ, во одговор на прашањето од новинарите, како се чувствува да биде сменет од оние, кои го ставиле на власт.
Барањето за отстранување на Орешковиќ беше поддржано од 42 пратеници.
Тие тврдат дека, спротивно од неговите ветувања, тој не посветил доволно внимание на економијата, социјалните прашања и создавањето на нови работни места.
Ново на Сител
-
Курти тврди дека има соработка со Османи и дека разликите не се непремостиви
-
Собрание: На премиерот и на одредени членови на Владата им престанаа функциите, ќе ги вршат само неопходните функции до изборот на новата влада
-
На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата
-
Ограбена филијала на банка во Скопје
-
Макрон уште еднаш го повика Хамас да го прифати договорот за прекин на огнот
-
Сè што треба да знаете за изборите во ЕУ
-
Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос
-
Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери