Сабаленка го освои Австралија опен
Арина Сабаленка е победничка на отвореното првенство на Австралија.
Младата белоруска тенисерка по голема борба, со пресврт и речиси 2,5 часа игра, во финалето ја совлада актуелната шампионка од Вимблдон, Елена Рибакина од Казахстан во три сета со 2:1.
Иако првиот сет го доби Рибакина со 6-4, во вториот Белорусинката успеа да се врати во игра и да израмни на 1:1, добивајќи го сетот со 6-3.
Во решавачкиот трет сет, што траеше речиси еден час, при сервис на Сабаленка, противничката спаси три меч топки, но не успеа и четвртата, па 23-годишната Белорусинка заслужено го доби сетот со 6-4, а мечот со 2:1.
За Сабаленка ова беше прво финале на Гренд-слем турнирите и прв трофеј, а вкупно 12-ти во кариерата.
Утре во машкото финале што ќе започне од 9:30 часот, за трофејот ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.
-
Игор Трпевски
Сите содржини од овој новинар