Саакашвили „насила“ влезе во Украина
Поранешниот грузиски претседател и екс-гувернер на украинскиот град Одеса, Михаил Саакашвили, со помош на стотици свои подржувачи Украинци влезе „насила“’ во Украина, откако му беше забрането да ја мине границата на земјата.
Саакашвили изјави дека не очекувал оти „толку луѓе“ ќе го чекаат на граничниот премин и дека ќе го внесат на сила на украинска територија.
- Луѓето ме зедоа со себе и ме внесоа во земјата, изјави Саакашвили.
Украинските власти го осудија инцидентот со поранешниот гувернер, а влегувањето на Саакашвили го окарактеризираа како „илегално“.
Во соопштението на украинската полиција се вели дека во инцидентот биле повредени 16 граничари и припадници на Националната гарда, кои биле испратени на граничниот премин во Западна Украина.
Возот со кој патувал Саакашвили бил запрен на пограничната станица Пшемисл на полска територија, затоа што Украинците го блокирале целиот премин недозволувајќи тој да влезе во Украина.
При „насилното“ влегување, Саакашвили бил придружуван меѓу другите и од поранешниот украински премиер и сегашен лидер на опозицијата Јулија Тимошенко.
Тој ги обвини украинските погранични органи за инцидентот, но ги пофали припадниците на Нациооналната гарда, што при немирите не употребиле насилни методи.
Саакашвили сака да се врати во Украина за да покрене процес за да му се врати украинското државјанство, кое, според него, му е неоправдано одземено.
Сега тој е апатрид, откако по пристигнувањето во Украина, во времето на пријаткството со претседателот Петро Порошенко, се откажа од грузиското државјанство, за да стане Украинец. Порошенко прво го именува за специјален советник, а потоа и за гувернер на Одеса, со задача регионот да го исчисти од корупцијата.
Двајцата политичари набрзо се разделија, откако Саакашвили го обвини Порошенко дека е поврзан со локалната олигархија и дека го попречува елиминирањето на корупцијата во земјата.
Грузинецот формира своја партија и стана опозиција наспроти власта на претседателт Порошенко, кој во јули годинава му го одзеде државјанството, додека Саакашвили беше во странство.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница