Саад Харири го повика светот да го поддржи суверенитетот и независноста на Либан

Премиерот на Либан Саад Харири денеска ги повика светските сили да го поддржат суверенитетот и независноста на неговата земја, а исто така да придонесат за справување со големиот бегалски бран од соседна Сирија, јави ДПА.
Овој повик, Харири го упати до францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и други високи официјални претставници на денешниот состанок во Париз, кој се одржува заради поддршка на Либан.
Тоа е прв состанок на т.н. Меѓународна група за поддршка на Либан, која ги вклучува петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и други земји. Групата дискутира за иднината на Либан по кризата што се појави по ненадејната оставка на Харири, додека тој беше во посета на Саудиска Арабија. Подоцна, Харири ја повлече својата оставка, но тензијата не се намали, по што започна и дебата за надворешно мешање во Либан.
Денеска во Париз, либанскиот премиер изјави дека неговата земја се справува со кризата благодарение на своите меѓународни партнери. Харири изјави дека многу либански партии ги потврдиле своите ставови дека земјата не треба да учествува во регионалните конфликти.
На отворањето на состанокот, домаќинот Макрон рече дека меѓународната заедница треба да „остане подготвена" за да обезбеди мирна иднина на Либан.
Според него, поддршката е „најдобрата одбрана против нестабилноста" во Либан. Макрон додаде дека проблемите на Блискиот Исток не можат да бидат решени еднострано или со примена на сила и дека Либан е пример за опстојуваме на плурализмот.
- Важно е сите либански и регионални партии да го почитуваат кардиналниот принцип за немешање, изјави тој, истакнувајќи дека ова се однесува и за проиранската „Хезболах“.
Пред Тилерсон да пристигне на средбата во Париз неговото министерство соопшти дека САД ќе ги поддржат „суверенитетот, стабилноста и независноста“ на Либан и ќе ја потврдат американската помош за либанската армија, за да биде против-тежа на „Хезболах“.
Според податоците на ООН во Либан, живеат околу еден милион бегалци од Сирија.
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
-

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања - првпат извршена во Македонија
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
