С. Македонија почнува преговори за пристап до Програмата на ЕУ за животна средина

Европската комисија денеска започнува преговори со седум држави што не се членки на ЕУ, меѓу кои и со Северна Македонија, за нивно поврзување со Програмата на Унијата за животна средина и клима (ЛИФЕ).
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, останатите шест држави со кои Еврокомисијата ќе ги почне денешните преговор се и Албанија, Андора, Фарските Острови, Израел, Молдавија и Турција.
Како што информираат од Комисијата, приклучувањето кон Програмата ЛИФЕ ќе им помогне на седумте земји да развиваат иновативни еколошки и климатски техники, пристапи и најдобри практики кои придонесуваат за климатски неутрална, циркуларна и прилагодлива економија и кои ја штитат и обновуваат природата.
Според најавите од Европската комисија, во рамки на стартот на преговорите предвидена е и средба на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Виргинијус Синкевичиус.
Во пресрет на денешниот старт на преговорите, Синкевичиус нагласи дека предизвиците поврзани со животната средина и климата, како што се климатските промени, намалувањето на биолошката разновидност и загадувањето, ги надминуваат државните граници и со нив ќе може да се справиме само со заедничко дејствување.
- Со значително зголемување на бројот на земји кои учествуваат во програмата ЛИФЕ, ние активираме конкретна соработка и размена на решенија за здрава планета и надвор од ЕУ, додаде еврокомесарот Синкевичиус.
Во рамки ова партнерство, јавни и приватни организации од земјите опфатени со Програмата ЛИФЕ ќе може да добиваат финансиска поддршка за проекти поврзани со развој на еколошко иновативни техники и пристапи, промоција на практики поврзани со заштита на животната средина и поддршка за подготовка и спроведување на закони слични со оние во ЕУ, како и на планови и стратегии кои можат да придонесат за имплементација на ваквите законски решенија закони.
Еколошкото образование е неопходен процес со цел да се постигне еколошка писменост која ќе води до развој на еколошка свест кај новите генерации, велат од О2 Иницијативата.
Програмата ЛИФЕ е инструмент на ЕУ за финансирање на активности поврзани со заштита на животната средина и климата, што се спроведува од 1992 година. Во нејзини рамки досега се кофинансирани повеќе од 5.500 проекти во и надвор од ЕУ, за чија цел се одвоени 5,4 милијарди евра.
ЛИФЕ претставува нишка помеѓу програмите на ЕУ за истражување и иновации и програмите за финансирање на проекти од големи размери и како таква го премостува јазот помеѓу истражувањето и имплементацијата на политиките, поврзувајќи ги надворешните фактори со иновациите во животната средина и климата преку практични решенија.
Новата програма ЛИФЕ 2021-2027 им овозможува на земји што не се членки на ЕУ да се приклучат на програмата преку билатерални договори за асоцијација меѓу Унијата и овие држави кои содржат конкретни услови. Исланд се приклучи кон Програмата ЛИФЕ во септември 2021 година, а минатата недела и Украина потпиша Договор за пристапување до Програмата.
Ново на Сител
-

Полни трибини на „Петар Милошевски“ за реваншот на Силекс против Динамо Минск, карти веќе нема
-

Во тек најобемниот мониторинг на водите во сливот на Вардар, ќе се анализираат 170 локации
-

Азир Алиу му ја предаде функцијата на новиот министер за здравство Сашо Клековски
-

ЛШ: Вардар денеска пред тешка задача на реваншот во Финска
-

Од денеска само полнолетни смеат да возат електрични тротинети, забрането превезување и второ лице
-

Кривична против три физички и едно правно лице за затајување данок, го оштетиле Буџетот на РМ за 4.677.362 денари
-

36 годишен Црногорец „летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија, полицијата го уапси
-

АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст
