Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
НАТО е загрижен дека Русија наскоро би можела да распореди нуклеарно оружје во вселената, според извештај објавен денеска во весникот „Велт ам Зонтаг“.
ДПА пренесува дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави за весникот дека НАТО е свесен дека Русија размислува да стави нуклеарно оружје во вселената.
Тој ги нарече сегашните способности на Москва во вселената застарени и неспоредливи со оние на Западот.
Затоа, Руте додава, развојот на нуклеарно оружје во вселената може да и овозможи на Русија да ги подобри своите капацитети, што според него предизвикува длабока загриженост.
Ова таканаречено антисателитско оружје не е насочено кон Земјата туку кон сателитите. Уништувањето на сателитите може да предизвика хаос на Земјата, бидејќи многу системи на планетата се потпираат на сателити за нивната работа, пренесува германската агенција.
Руте предупреди на потенцијално прекршување на Договорот за вселената од 1967 година, кој наложува мирно користење на вселената. Договорот е ратификуван од повеќето земји, вклучувајќи ги Русија и САД, додава ДПА.
Руте рече дека во последниве години, конкуренцијата во вселената станала жестока и многу поинтензивна, бидејќи околината таму сега е сè повеќе преполна, опасна и исто така непредвидлива.
Ова, рече тој, не е само во комерцијалната област, туку влијае и на одбраната, а со тоа и на севкупната безбедност.
Според медиумскиот извештај, НАТО во 2021 година одлучил клаузулата за колективна одбрана според член 5 да важи и за напади во или од вселената. Членот 5 вели дека вооружениот напад против еден или повеќе сојузници се смета за напад против сите.
Оваа клаузула за колективна одбрана е употребена само еднаш во историјата на НАТО, како поддршка на САД по терористичките напади на 11 септември 2001 година.
Ново на Сител
-
Палчо ќе сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Кочани денеска ќе добие привремен градоначалник, 45 лица осомничени за пожарот во Пулс
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
Таравари со последни информации за повредените во Кочани
-
30% од децата од 6 до 9 години се со прекумерна тежина
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница