Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите

НАТО ќе преземе дополнителни мерки за справување со руските дронови, за што се тестираат нови интегрирани системи за борба против цели во воздушниот простор, најави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес конференцијата по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на Северноатлантскиот пакт.
– Ќе ги прошириме и забрзаме нашите напори со голем број дополнителни мерки за борба против дроновите. Мислам дека ова е јасен пример за брза и ефикасна соработка што ја овозможува НАТО, рече Руте.
Тој најави дека целта на овие интегрирани системи е да помогнат за откривање, следење и неутрализирање на воздушни закани и за справување со хибридните закани
Според него, паралелно со овие системи, НАТО ќе продолжи и со развој на механизми за споделување на способностите меѓу сојузниците.
Генералниот секретар на НАТО оцени дека неодамнешните упади на дронови во воздушниот простор на земјите членки на Алијансата претставуваат „неодговорно и неприфатливо“ однесување, но порача дека сојузниците не треба да ја преувеличуваат способноста на Русија.
– Да не ги сфаќаме Русите премногу сериозно. Знаеме дека нивните борбени пилоти се познати по тоа што не знаат како правилно да управуваат со тие авиони, а судејќи според сите работи што ги оставаат на морското дно, нивните капетани не знаат како да го фрлат сидрото, рече Руте.
Тој на прес конференцијата најави и дека на денешниот министерски состанок над половина од земјите членки дале ветување дека ќе учествуваат во програма за купување американско оружје и муниција за потребите на Украина.
– Ја имаме оваа иницијатива каде што сојузниците купуваат не само опрема, туку и оружје од САД, рече Руте.
Тој додаде дека, сепак, не може да навлегува во детали за тоа што е испорачано или не и е испорачано на Украина, но дека се работи на тоа на земјата да и се достават уникатни системи што и се неопходни.
– Она што можат да го обезбедат само САД го плаќаат сојузниците, а денеска, како што реков, повеќе од половина од сојузниците се приклучија (на иницијативата, нагласи Руте.
МИА
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
