Рускоска: Пожарот почнал во багажниот простор што се наоѓа над резервоарот на автобусот
Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу, бил во еден од автобусите кои се враќале од Истанбул, како втор возач, но сите четири автобуси не возеле во конвој, туку разделени па не ја виделе несреќата. Ова го изјави шефицата на одделението за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која ги сослушала сите возачи на автобусите.
Русковска, во интервју за телевизија „Телма“, нагласи дека сите изјави и документи ги доставила до бугарските колеги кои ја водат истрагата за несреќата.
Со сопственикот Хаџиу, Русковска рече дека разговарала на местото на несреќата, каде тој и рекол дека не е пренесувана никаква запалива материја во автобусите.
– Беше видно вознемирен и потресен. Го прашав дали носеле резервни канти со гориво. Вели дека нема шанси тоа да се случило. Ова беше неформален разговор, тука на самото место на настанот. Дали случајно можеби некој патник да купил пиротехнички средства, бидејќи се ближи Нова година, исто беше дециден дека одговорот е не. И толку беше нашиот разговор, изјави Русковска.
За шпекулациите на бугарските таблоиди дека во автобусот се наоѓале и материјали за изработка на хероин која брзо горела, Русковска рече дека разговарала си бугарскиот обвинител и главниот истражител, и кои двајцата категорично ги отфрлиле како не точни.
Во однос на прашањето како било возможно автобусот да изгори толку бргу, обвинителката Вилма Рускоска, изјави дека врз основа на информациите од бугарските истражители, за некои испитувања е потребно повеќе време.
– Инаку јас тоа точно го видов, баш го имам и сликано, делот фактички од кај што е почнат пожарот, а тоа е багажниот простор кој се наоѓа над резервоарот на автобусот. Затоа што на автобусите, резервоарите се напред, изјави Русковска.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност