-->
-->
Руско МО: Ја зазедовме рафинеријата, одиме директно на Лисичанск
-->

Руските сили и сепаратистичката милиција тргнаа во офанзива на градот Лисичанск, а украинската војска на тоа подрачје трпи големи загуби, објави руското Министерство за одбрана.
„Вооружените сили на Руската Федерација ја продолжуваат својата успешна офанзива во подрачјето на Лисичанск. За време на изминатите три дена ги зазедовме рафинеријата за нафта Лисичанск, рудникот Матроскаја, фабриката за желатин и населбата Тополевка. Сојузничките сили тргнаа директно во Лисичанск“, се наведува во соопштението.
Според руското Министерство, само во селото Верхнекаменка „непријателот изгуби над 120 луѓе за еден ден, а во областа – седумдесет“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
