Руско МНР: Најмалку 31 цивил е убиен во украинската офанзива врз рускиот Курски регион
Во украинската офанзива врз рускиот Курски регион до 5 септември загинаа најмалку триесет и еден цивил, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, цитирано од британските медиуми.
Министерството додава дека до наведениот датум во операцијата на украинските сили се повредени 256 лица.
Украина на 6 август ја изведе најголемата офанзива извршена на руска територија од Втората светска војна, наведуваат британските медиуми.
Украинските копнени единици ја преминаа границата во западната руска област Курск, придружени со беспилотни летала и артилериски оган, вклучително и вооружени системи од западно производство, забележуваат британските медиуми.
Според информациите од Москва, од 6 август до сега од Курскиот регион се иселиле околу 131,000 цивили.
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик
-
Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети
-
Пронајдено досега непознато дело на Моцарт
-
Халанд го постигнува својот 100. гол за Манчестер сити
-
Шкупи со убедлив триумф против шампионот Струга ТЛ
-
Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток
-
Земјотрес со епицентар во подрачјето на Скопје
-
Оваа недела се очекуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа