Руските власти протеруваат четворица германски дипломати
Русија одлучи денеска да протера четворица германски дипломати како реципрочна мерка откако германските власти таков потег презедоа во понеделникот.
- Таквата одлука на Москва не е изненадување за нас, наведе во соопштение министерот за надворешни работи Хајко Мас.
Германија беше дел од групата држави кои протераа руски дипломати од своите држави поради нападот врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал на тло на Британија во почетокот на март.
Руското Министерство за надворешни работи повика денеска високи дипломатски претставници за да ги запознае со реципрочните мерки што ги презема порадислучајот Скрипал.
Претставници од амбасадите на Франција, Германија, Италија, Полска, Холандија, Хрватска, Белгија, Украина, Шведска, Австралија и од Чешка беа во МНР на Русија каде им беа врачени протестни ноти.
Ново на Сител
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот