Руските и сириските сили тврдат дека не го бомбардирале хуманитарниот конвој
Руските и сириските сили не се вмешани во воздушните напади на конвојот кој превезувал хуманитарна помош во близина на Алепо, во Сирија, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.
Сириската војска, исто така, негираше дека учествувала во синоќешното бомбардирање на конвојот.
- Сите информации за локацијата на конвојот беа достапни само на милитантите кои ја контролираат оваа област, истакна портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Тој дополни дека по проучувањето на видео-снимката не е забележано дека на југозапад од Алепо погоден хуманитарниот конвој. Конашенков укажа дека милитантите од Ал Нусра фронот вчера, токму во тоа подрачје, почнале голема офанзива, користејќи тенкови и артилерија.
- Внимателно ги проучивме видео-снимките од т.н. активисти од местото на настанот и не пронајдовме никакви назнаки за гаѓање на конвојот. Не постои кратер, автомобилите немаат физички оштетувања од детонацијата на авионските бомби. Се што е прикажано на видео-снимката е директна последица на палењето на товарот, што на некој чуден начин е изведен истовремено со изведувањето на големата офанзива на милитантите во Алепо, истакна тој.
Конашенков дополни дека оној кој го предизвикал пожарот, како и неговите причини, можеби е познат на членовите на „белите шлемови“, организација блиска до Нусра фронтот, кои „случајно“ се нашле на вистинското место во вистинското време со видео камери.
Во воздушниот напад кај Алепо, извршен врз хуманитарен конвој, загинале околу 20 цивили, соопшти Црвениот крст, дополнувајќи дека меѓу загинатите е и еден нивни член.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица