Македонија
26. October 2017 - 11:38

Рускиот хор „Пјатницки“ вечер ќе гостува во Струмица

Рускиот државен академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ во рамки на Деновите на руската култура вечер ќе настапи во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

- Ретка е можноста да се гледа ваков спектакл во Струмица. На нивниот репортоар се најпознатите руски песни и ора. Костимографијата и носиите се вистинска уметност. Тука ќе настапат повеќе од 40 изведувачи, изјави Кирил Козаров, директор на струмичкиот Центар за култура. 

Државниот академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ постои од 1911 година и е именуван по неговиот основач. 

Хорот  во Македонија има два концерта - 25-ти во Скопје и на 26 октомври во Струмица. Деновите на руската култура од 18-ти до 28 октомври се одржуваат во земји од Централна и од Југоисточна Европа.