-->
-->
Руски проектили целосно уништиле цивилен аеродром близу Киев
-->

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските проектили денеска целосно уништиле цивилен аеродром во областа Виницја, главниот град на централнозападниот дел.
Претходно властите објавија дека итните служби го гаснат пожарот на аеродромот предизвикан од гранатирање, пренесува Хина.
– Само што бев информиран за ракетните напади врз Виницја, рече Зеленски во видео обраќање на неговиот канал на Телегам.
– Аеродромот е целосно уништен, рече тој за аеродромот на градот со околу 370.000 жители.
Русија ги насочи своите сили да го опколат украинскиот град Днипро и сега се обидуваат да ја отсечат Украина од Црното Море, напиша денеска на Фејсбук високиот безбедносен функционер Олексеј Данилов. Русија со денови се обидува да го освои главниот град Киев, додава Данилов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
