Руски извори: Повторно бомбардирање на областа околу електраната Запорожје во Украина
Областа околу нуклеарната централа Запорожје денеска повторно беше цел на артилериски напади, изјави проруски функционер, обвинувајќи ги украинските сили за нападот.
„Активистите на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски повторно ја нападнаа нуклеарната централа во Запорожје“, напиша на Телеграм Владимир Рогов, член на проруската администрација инсталирана од Русите во тој дел на јужна Украина.
Засега нема извештаи за жртви или материјална штета. Фабриката веќе беше цел на воздушни напади минатата недела, што ја зголеми загриженоста на меѓународната заедница. Вечерва Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на тоа место.
Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа Запорожје, која беше преземена од руските сили.
Ново на Сител
-
Ленин Јовановски во Белград разговарал за донација на автобуси на Скопје
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците
-
Преглед на вестите од светот
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии