Loading Video...
Свет
25. October 2024 - 16:44

Преглед на вестите од светот

Поранешниот американски претседател Барак Обама и американската рок легенда Брус Спрингстин  и се придружија на Потпретседателката на САД и демократски кандидат  за претседател на САД Камала Харис на предизборниот митинг  во Џорџија. Џорџија ,  една од  седумте клучни држави кои ќе одлучат кој ќе биде 47 миот шеф на Белата куќа а .според анкетите противкандидатот   на Камала,републиканецот   Доналд ТРамп  е во предност. На собирот  Обама рече Трамп  е зашеметен старец кој разсмилува за никој освен за себе, а Спрингстин предупреди –  Трамп е американски тиранин.

– „Она што не можам да го разберам е зошто некој би помислил дека Доналд Трамп ќе ги размрда работите на начин кој е добар за вас, бидејќи нема апсолутно никакви докази дека овој човек мисли за никого освен за себе,истакна Барак Обама, поранешен претседател на САД.

- Доналд Трамп се кандидира да биде американски тиранин. Тој не ја разбира оваа земја, таа е историја или што значи да се биде длабоко Американец. И затоа на 5-ти ноември го давам мојот глас за Камала Харис и Тим Волц. Ве повикувам сите кои верувате во американскиот начин да ми се придружите, порача  Брус Спрингтсин, рок пејач.

На митингот според изборниот штаб на Камала, се собрале над 20 000 луѓе. 

Во Босна и Херцеговина, се засилени безбедносните мерки ,по синоќешниот настан  во Босанска Крупа, кој беше окарактеризан како терористички.

15 годишник од засега непознати причини упадал во полициската станица и со нож усмрти еден а рани друг полициски службеник. 

Момчето е соочено со казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Но, според законот не може да биде осуден на таква казна затвор затоа што не наполнил 16 години, односно спаѓа во категоријата помлад малолетник, кој може да биде упатен во воспитно-поправен дом најмногу до пет години. Оние кои го познавале за босанските медиуми велат дека дека бил склон кон верски екстремизам. Истрагата треба да ја утврди точната причина за нападот.  Жителие на Босанска Крупа се во шок и со неверување коментираат како се случило тинејџерот да се одлучи на таков чекор.