Руски хакери користеле ирански алатки во напад на 20 земји
Руски хакери ја искористија иранската операција за кибер-шпионажа за напад врз владини и индустриски организации во речиси 20 земји, така што нападите се чини дека потекнуваат од Исламска држава, тврдат денеска американски и британски официјални лица.
Руската хакерска група позната како „Турла“, обвинета од естонските и чешките власти за постапување во име на руската Федерална служба за безбедност, користела ирански алатки и компјутерска инфраструктура и успешно ги хакирала организациите во најмалку 20 различни земји во последните 18 месеци, тврдат британски безбедносни претставници.
Тие додаваат дека хакерите биле најактивни на Блискиот исток, но на мета им биле и организации во Велика Британија.
Британскиот Национален центар за кибер безбедност, во заедничко соопштение со американската Агенција за национална безбедност, наведува дека сака да ја подигне свеста за овие активности и да им ги отежни нападите на своите непријатели.
– Сакаме да испратиме јасна порака дека дури и кога напаѓачите се обидуваат да го прикријат својот идентитет, ние имаме можност да ги идентификуваме, рече Пол Чичестер, кој е директор за операции во Националниот центар за кибер безбедност.
Москва и Техеран во повеќе наврати ги отфрлија обвинувањата за хакирање кои доаѓаат од Запад.
Западните власти ги рангираат Русија и Иран меѓу најопасните закани во кибер просторот, покрај Кина и Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце