Свет
29. October 2015 - 11:54

Руски авиони првпат нападнале цели во сириската провинција Дара

Авиони, кои се смета дека се руски првпат синоќа нападнале цели на џихадистите во јужната сириска провинција Дара, јави БТА. 

Доколку имнформациите за воздушните напади во околината на Тел ал Хара се потврдат, тоа ќе значи дека руските авиони ги прошириле своите операции појужно. Тел ал Хара се наоѓа на околу 20 километри од Голанската Висорамнина. 

Башар ал Зуби, шеф на политичкиот оддел на Армијата Јармук, која дејствува во регионот на Дара изјави дека е речиси сигурен оти авионите биле руски.

Сирискиот центар за набљудување на човековите права, кој ја следи војната преку извори на теренот, исто така соопшти дека авионите биле руски.