Македонија
19. October 2017 - 8:54

Руската претстава „Ѕверот“ најдобра на 11-тиот фестивал „Скупи“

„Ѕверот" во режија на Сергеј Федотов од театарот „У Моста“ од Перм, Русија, ја доби наградата за најдобра претстава на 11. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“.

Одлуката ја донесе тричлено жири - Ѓорѓи Јолевски, Веби Ќерими и Лука Кортина.

Фестивалот беше затворен вчеравечер со изведба на последната претстава од годинашната програма - „Слугинките" на Националниот театар „Иван Вазов“ од Софија. 

Од отворањето на 12 октомври беа изведени и претставите „Куќата на Бернарда Алба“ на театарот „Андон Чајупи“ од Корча, Албанија, „Маченик” на Градскот театар Ѓаковица, Косово, изралеската монодрама „Пуши како маж“, инспирирана од животот на Фрида Кало, „Визии од сребрениот век“ на Центарот за културна деконтаминација од Белград и „Зборувај Медеја” на театарската компанија „Јирјирак“ од Техеран.