Руската претстава „Ѕверот“ најдобра на 11-тиот фестивал „Скупи“
„Ѕверот" во режија на Сергеј Федотов од театарот „У Моста“ од Перм, Русија, ја доби наградата за најдобра претстава на 11. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“.
Одлуката ја донесе тричлено жири - Ѓорѓи Јолевски, Веби Ќерими и Лука Кортина.
Фестивалот беше затворен вчеравечер со изведба на последната претстава од годинашната програма - „Слугинките" на Националниот театар „Иван Вазов“ од Софија.
Од отворањето на 12 октомври беа изведени и претставите „Куќата на Бернарда Алба“ на театарот „Андон Чајупи“ од Корча, Албанија, „Маченик” на Градскот театар Ѓаковица, Косово, изралеската монодрама „Пуши како маж“, инспирирана од животот на Фрида Кало, „Визии од сребрениот век“ на Центарот за културна деконтаминација од Белград и „Зборувај Медеја” на театарската компанија „Јирјирак“ од Техеран.
Ново на Сител
-
Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември, граѓаните да ги заменат навреме
-
Втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеца
-
Најмалку осум загинати во поплавите во Европа
-
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
-
Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени
-
КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември
-
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР
-
Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките