Руската полиција ja уапси новинарката која го сними последното видео на Навални
Новинарката која го сними последното видео на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пред неговата смрт, Антонина Фаворскаја е во притвор, јавија денеска светските медиуми.
Фаворскаја неколку години ги следеше судењата на Навални, а меѓународната организација Репортери без граници во четвртокот соопшти дека таа е една од шесте новинари ширум земјата кои се уапсени овој месец.
Руските власти ја уапсиле Фаворскаја во средата вечерта и ја обвинија дека е дел од „екстремистичка организација“ поради објави на социјалните мрежи на фондацијата на Навални за борба против корупцијата, соопшти руската група за човекови права ОВД-Инфо.
Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, рече дека Фаворскаја не објавила ништо на платформите на фондацијата и сугерираше дека е цел на руските власти затоа што ја извршува својата работа како новинар.
ОВД-Инфо соопшти дека Фаворскаја прво била уапсена на 17 март откако положила цвеќе на гробот на Навални.
Таа помина десет дена во затвор откако беше обвинета за непослушност кон полицијата, но кога заврши периодот на притвор, властите повторно ја обвинија и ѝ наредија да се појави во Окружниот суд Басман во Москва.
Таа е една од неколкуте руски новинари кои се на мета на властите. Привремено се приведени уште две новинарки, Александра Астахова и Анастасија Мусатова, откако дошле да се сретнат со обвинетата новинарка во притворот каде што била затворена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници
-
Преглед на вестите од светот