Руска амбасада во Сараево: Акциите на САД може да доведат до распаѓање на Босна и Херцеговина

Руската амбасада во Босна и Херцеговина одговори на неодамнешните изјави на американската амбасада, кои ја обвинија Русија за „злонамерно влијание“ и закани за територијалниот интегритет на БиХ.
„Русија не се плаши дека ќе го загуби гасниот монопол во БиХ. Повеќепати нагласивме дека ја поддржуваме енергетската диверзификација во БиХ во интерес на граѓаните, а не на САД,“ порачаа од руската амбасада, обвинувајќи го Вашингтон за создавање сопствен енергетски монопол.
Руската страна тврди дека САД со „притисоци врз локалните политичари“ промовира „алтернативни гасни рути“ и ги обвини за саботажата на Северниот тек.
„Американската амбасада лаже кога вели дека Русија го загрозува територијалниот интегритет на БиХ. Напротив, реалните активности на САД можат да доведат до распад на државата,“ се наведува во соопштението.
Амбасадата прашува: „Дали само САД ги претставуваат интересите на граѓаните на БиХ? Дали тие навистина мислат дека граѓаните ќе прифатат поскап американски гас наместо поповолниот руски?“
Русија ги обвини САД за елиминација на политичари кои ги бранат националните интереси, додавајќи: „Американците сакаат само послушни марионети. Се плашат од конкуренција со Русија, користејќи санкции и други методи“
Ново на Сител
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
-

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија Охрид-Милано
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
