Русите во текот на ноќта извеле нова серија воздушни напади врз Киев
Русија во текот на ноќта почна нова серија воздушни напади врз Киев, а властите во главниот град на Украина соопштија дека системите за противвоздушна одбрана собориле повеќе од 20 руски крстосувачки ракети, пренесоа британските медиуми.
-Сите беа соборени, немаше погодоци во целта, изјави шефот на воената администрација во Киев, Серхи Попко, во порака на каналот Телеграм.
Британските медиуми наведуваат дека не е можна независна потврда на извештаите.
Очевидци навеле дека слушнале неколку експлозии кои звучеле како системи за противвоздушна одбрана. Градот, инаку, беше под предупредување за воздушен напад повеќе од четири часа, почнувајќи непосредно по полноќ.
Украинската војска соопшти дека остатоците од уништените проектили паѓале на патиштата и ги оштетиле далноводите за тролејбус во киевскиот кварт Десниански.
Според првичните информации на официјални лица од Киев, во ноќешните напади нема жртви.
Ново на Сител
-
Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс на сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Воведни обраќања на денешното судење за Онкологија
-
Чудно е како во претпријатијата каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла
-
Скадналот со прислушкувањето во фокус на опозициските прашања во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 25 партии на претстојните избори
-
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
-
Преглед на вестите од светот