-->
-->
Русите ноќеска гаѓале енергетски постројки во Украина, утрово напад на Лавов
-->
Пратеникот во украинскиот Парламент, Олексиј Гончаренко соопшти дека Русија извршила голем напад во текот на ноќта.
- Истрелаа 32 проектили кон енергетските постројки. 16 проектили беа соборени од одбранбените сили, напиша Гончаренко на социјалните мрежи.
Украинската армија потврди дека во текот на ноќта и рано утрово соборила 16 руски ракети.
Гончаренко додаде дека 22 проектили сепак стигнале до целта.
- Немаме оружје да ги собориме, нагласи тој.
Утрово е погодена и важна инфраструктура во Лавов, соопшти регионалниот воен претставник Максим Козицки. Повредени нема, а пожарот кој избувнал веќе е изгаснат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти