Свет
6. December 2023 - 8:22

Русија во текот на ноќта лансираше 48 дронови врз Украина, соборени 41

Русија во текот на ноќта лансираше вкупно 48 беспилотни летала кон Украина, а повеќето од нив беа соборени, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Во соопштението се додава дека украинските системи за противвоздушна одбрана уништиле 41 беспилотно летало пред да стигнат до целта.

Украинската армија објави дека сите уништени беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство се камикази.

Не е прецизирано што се случило со беспилотните летала кои не биле соборени, ниту дали има штета или жртви во овие напади.