Русија во СБ на ОН поднесе предлог резолуција за создавање зони за деескалација во Сирија
Русија во Советот за безбедност на ОН поднесе предлог резолуција за поддршка на меморандумот за создавање зони за деескалација во Сирија, што беше потпишан на минатонеделната меѓународна средба во Астана, јави ТАСС.
Гласањето за документот може да се оддржи веќе денеска или утре, наведуваат дипломати.
На преговорите во Астана делегациите на Русија, Иран и Турција се договорија за создавање четири зони за деескалација на сириската територија. Во овие зони влегуваат провинцијата Идлиб и некои делови од соседните провинции Алепо, Латакија и Хама, регионот северно од градот Хомс, како и Источна Гута и јужните провинции Дераа и Кунејтра.
Спогодбата предвидува во овие зони од 6 мај да се воведе забрана за воена активност, вклучувајќи и летови на авијацијата.
Ново на Сител
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка