Русија тврди дека спречила напад со украински беспилотни летала врз цели во Москва
Две беспилотни летала лансирани од Украина нападнаа цели утрово во Москва, но беа пресретнати и уништени, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руските државни новински агенции објавија дека делови од дроновите биле пронајдени на два километра од зградите на министерството. Оквалификувајќи го како „терористички напад“, Министерството за одбрана на Телеграм објави дека во нападот нема жртви.
Ниту Министерството за одбрана, ниту градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин не соопштија каде биле пресретнати беспилотните летала.
Руските државни новински медиуми јавија, повикувајќи се на итните служби, дека делови од дрон биле пронајдени во близина на зграда на авенијата Комсомолски, што е недалеку од зградите на Министерството за одбрана.
Сообраќајот на таа авенија е затворен, како и на авенијата Лихачев на југот на Москва, каде беше оштетена деловна зграда.
Од Киев засега нема коментар.
Ново на Сител
-
Од понеделник потопло со пораст на дневните температури
-
Муцунски за Atlantic Council: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации
-
Разбојничка кражба во фризерски салон во Битола, осомничениот во бегство
-
Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан
-
Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран
-
И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести