Свет
20. March 2022 - 9:37

Русија соопшти дека повторно истрелала хиперсонични проектили во Украина

– Русија соопшти денеска дека повторно ги истрелала своите најнови хиперсонични ракети во Украина, уништувајќи складиште за гориво на југот на земјата.

„Авијациските ракетни системи Кинжал со хиперсонични балистички ракети уништија големо складиште за горива и мазива на украинските вооружени сили во близина на населбата Костјантинивка во регионот на Николаев“, соопшти руското Министерство за одбрана.