Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области

Руските системи за противвоздушна одбрана ноќеска соборија 101 украински беспилотно летало, главно над областа Брјанск, покраината Краснодар и Азовското Море, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што е наведено, 53 беспилотни летала биле пресретнати и уништени над регионот Брјанск, 18 над регионот Краснодар, пет над регионот Калушка, по три беспилотни летала над регионите Твер и Белгород и по еден дрон над областите Смоленск и Курск и Крим.
16 украински беспилотни летала беа соборени над Азовското Море. Руските воздухопловни сили синоќа со наведувани бомби го нападнаа центарот на украинскиот град Харков, соопштија локалните власти.
Во градот одекнале експлозии, а за гранатирањето информирал Олег Синегубов, шеф на регионалната воена управа во Харков.
-Бидете внимателни – можни се повторени напади, предупреди градоначалникот на градот, Игор Терехов на Телеграм. Според него, руските сили нападнале три области во Харков.
Ново на Сител
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
