Русија: САД разработуваат биолошко оружје во Украина

Русија денеска ги обвини САД дека финансираат развој на биолошко оружје во Украина.
Портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, во изјава дадена за руските медиуми изјави дека целите на таквите биолошки истражувања што ги финансира Пентагон во Украина се „разработка на механизми за тајно ширење биолошки патогени”.
Претходно Белата куќа предупреди дека Русија би можела да употреби хемиско оружје во Украина или да спроведе „операција под лажно знаме” што ќе биде во нивна корист, јави Си-Ен-Ен.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, критикувајќи ги, како што ги нарече, лажните тврдења од Русија дека САД развиваат хемиско оружје во Украина, напиша на Твитер:„Сега кога Русија ги изнесе овие лажни тврдења, а Кина навидум ја поддржа оваа пропаганда, сите ние треба да внимаваме Русија евентуално да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина или да го искористи во операција под лажно знаме..”
Псаки, исто така, посочи на „долгата и добро документирана историја на Русија за користење на хемиско оружје”, како и нејзиниот модел на „обвинување на Западот за прекршувањата што самата Русија ги прави”.
Ново на Сител
-

Над 270 инспекции на бензинските пумпи – Привремен недостиг на гориво на дваесетина станици
-

150 македонски државјани се враќаат вечерва од Дубаи
-

Во Техеран заврна токсичен дожд кој предизвикува изгореници откако беа бомбардирани нафтени постројки
-

Кој ги лаже граѓаните на тема мигранти – Власта и опозицијата си разменија обвинувања
-

Кочанско поле повторно во пламен
-

Наскоро исплата на заостанатите субвенции за сточарство 2023 и 2024, за 2025 предвидени 1 милијарда денари
-

Oхрид за Денот на жената исполнет со гости
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
