Македонија
8. March 2026 - 16:30
Oхрид за Денот на жената исполнет со гости
Охрид за празничниот викенд исполнет со гости. Туристите кои одмараат на брегот на езерото уживаат во прошетките и посетата на културно историските споменици. Најбројни се оние од нашето соседство и домашните.
Со настанот „Те сакам, за тебе засадив дрво” втора година по ред иницијативата „Збогум Буково“ на еден поинаков начин го обележува Интернационалниот ден на жената.
Дамите и оваа година изненадени од симболичните подароци по повод 8 ми март денот на жената.
Добрата посетеност за овој период од годината буди оптимизам кај туристичките работници,тие се надеваат на успешна летна сезона.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
