Русија прогласи прекин на огнот во Алепо
Русија прогласи прекин на огнот во сирискиот град Алепо и најави, како што е истакнато во соопштението на Москва, „стабилизација на состојбата“.
- На иницијатива на Русија, на 16 јуни на полноќ во Алепо стапува во сила 48-часовен прекин на огнот, заради намалување на нивото на вооружено насилство и стабилизирње на состојбата, се вели во соопштението, во кое сепак не е наведено со кого Русите воделе разговори за прекин на огнот.
ДПА пак пренесува официјална изјава на Стејт департментот во која се потврдува дека спротивставените страни се согласиле на ова примирје во Алепо и се изразува надеж дека тоа ќе прерасне во трајно, опфаќајќи го целото подрачје зафатено од конфликтот, како и цела држава.
- Прекинот на огнот не е територијално и временски ограничен, рече портпаролката Џулија Мејсон.
Последното примирје уследи откако државниот секретар на САД, Џон Кери ја предупреди Русија дека американските власти го губат трпението околу сирискиот конфликт.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости