Русија призна дека во септември има регистрирано радиоактивна контаминација на нејзина територија
Русија призна дека регистрирала радиоактивно загадување на делови од територијата на крајот од септември и почетокот на октомври, што ги потврди информациите на неколку европски агенции за следење на радиоактивноста.
Руската метеоролошка служба Росгидромет соопшти дека сите мерни станици во Јужен Урал регистрирале зголемени концентрации на изотопот рутениум 106, а највисока концентрација била регистриарна во селото Аргајаш. Тоа е лоцирано на 30 километри од нуклеарниот комплекс Мајак кој настрадал во 1957 година во една од најтешките нуклеарни несреќи во историјата и денеска служи како место за преработка на потрошеното нуклеарно гориво.
- Радиоизотопотт Рутениум 106 беше регистриран од мерните станици во Аргајаш и Новогорниј, помеѓу 25 септември и 1 октомври, прецизира Росгидромет во извештајот за состојбата на животната средина на територијата на Руската Федерација во периодот од 6 до 13 октомври 2017 година. Се прецизира дека во Аргајаш е регистрирана крајно висока концентрација на рутениум 106, која за 986 пати ги надминува показателите регистрирани претходниот месец“.
Во соопштението на Росгидромет уште се наведува дека кон крајот на септември и почетокот на октомври радиоактивни честички од Јужен Уран може паднеле во Европа како резултат на пренос на воздушните маси.
Француската агенција за нуклеарна безбедност пре десетина дена изрази уверување дека помал инцидент во една руска постројка изминатиот период предизвикал пораст на радиоактивноста во воздухот над Европа. Се претпоставува дека „можна зона на емитување“ на радиоактивноста била меѓу реката Волга и планината Урал. Институтот за радиолошка заштита и нуклеарна безбедност соопшти дека присуството на изотопот рутениум 106 не претставува опасност по здравјето или животната средина. Сепак, Агенција за нуклеарна безбедност предложи да се провери храната увезена од тој регион.
Во претходно соопштение на Француската агенција за нуклеарна безбедност, засновано на мерење во повеќе земји, се истакнува дека изотопот рутениум потекнува од инцидент со нуклеарно гориво или од производство на радиоактивен материјал. Најголемата радиоактивност е измерена кон крајот на септември и почетокот на октомври, но повеќе не може да се регистрира во атмосферата.
Ново на Сител
-
Техеран: Над 1.000 загинати во Иран за време на 12-дневната војна со Израел
-
Почина 80-годишен македонски државјанин на плажа во близина на грчкиот град Кавала
-
Зеленски: Утре нови преговори со Русија, можно е планирање средба со Путин
-
Четиригодишно девојче почина од глад во Газа додека Израел го ограничува снабдувањето со храна
-
Гори планината Готен на тромеѓието на општините Берово, Василево и Радовиш
-
18 годишник со македонско потекло планирал терористички напади во Австрија
-
Киното се враќа во Кочани, „Мистер Бин“ го наполни дворот на училиштето „Никола Карев“
-
Мицкоски за коалицирањето со ЗНАМ и ВРЕДИ за локалните избори: Разговорите се конструктивни, сите детали ќе се знаат во втората половина на август