Русија престана да снабдува гас од Казахстан поради нападот во Украина

Голема руска фабрика за преработка на гас во Оренбург, најголемата во светот, беше принудена да го запре снабдувањето со гас од Казахстан вчера, потврди Министерството за енергетика на Казахстан.
Прекинот се случи по украинскиот напад со беспилотни летала врз објектот, објавија украинските медиуми.
Украинската војска претходно соопшти дека објектот, кој се наоѓа во југозападниот регион Оренбург и е најголем во светот, бил цел на напад. Регионалниот гувернер Евгениј Солнцев пријави пожар во една од работилниците, што предизвика штета на објектот во сопственост на Газпром. Фабриката има капацитет за преработка од повеќе од 45 милијарди кубни метри гас годишно.
Нападот е дел од сè поагресивната кампања на Киев насочена кон руската нафтена и гасна инфраструктура, клучен извор на приходи што Москва ги користи за финансирање на својата инвазија на Украина.
Иако украинската војска претходно таргетираше енергетски цели во регионот Оренбург, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез претходно овој месец, ова е прв пат гасниот објект да биде цел на напад.
МИА
Ново на Сител
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
-

Неготинка пријавила физички напад од поранешниот сопруг
-

Уапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
