Русија потврди дека САД побарале од Грција да не дозволува прелет на два руски авиони за Сирија
САД побараа од Грција да не дозволува прелет на два руски авиони со испораки за Сирија во грчкиот воздушен простор, потврди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
- Нашите грчки партнери ни рекоа дека го разгледуваат барањето на САД, коментира Песков.
- Прерано е да се каже што и да е по ова прашање, бидејќи Атина се уште не одговорила на американското барање, рече тој.
Грција, која е дел од НАТО, била замолена од Москва да им овозможи на два руски авиони со испораки да поминат низ воздушниот простор во насока на Сирија помеѓу 1 и 24 септември, изјави пред тоа грчки претставник.
По повод овие информации, Леонид Калашников, заменик-претседател на комисијата за меѓународни работи во рускиот парламент изјави: "Од правна гледна точка која и да е земја има право да го затвори воздушниот простор, но дали Грција има таква потреба или не? Тоа е веќе друго прашање. Бидејќи ние можеме да го направиме истото во врска со грчките авиони ".
Рускиот сенатор Владимир Цабаров, пак, изјави дека ако Атина го затвори својот воздушен простор за руски летови, Москва ќе побара други рути за своите авиони, како Иран и Турција.
- Станува збор за глупав потег и ако Атина го поддржи, тоа ќе биде непријателски кон Русија, истакна сенаторот. Според него американското барање имало за цел да ја "вжешти антируската хистерија".
Вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека руската страна никогаш не е ја криела намерата да испорача воена опрема на сириските власти, за да можат да се борат против терористите.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот