Русија потврди дека ќе го применува Договорот за отворено небо
Русија ја потврди намерата да го спроведува Договорот за отворено небо, за чија судбина ќе се одлучува на конференција на земјите членки на НАТО, соопшти руската мисија во НАТО по вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет.
Вонредната средба на НАТО беше свикана поради еднострани најави од САД дека ќе се повлече од Договорот за отворено небо.
„Руската страна ја потврди својата намера да продолжи да ги применува одредбите од договорот. Ние ја искажуваме нашата подготвеност за натамошен дијалог, што би се водел врз основа на взаемно почитување, а не на јазикот на ултиматумите, во интерес на европската и меѓународната безбедност”, се вели во соопштението од руската мисија, јави ТАСС.
Во исто време, европските членки на НАТО ја пренесоа на САД нивната загриженост во врска со плановите на Вашингтон да се повлече од договорот на 35 земји, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на официјални неименувани извори на НАТО.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот објави дека САД се повлекуваат од Договорот за отворено небо, кој им овозможува на државите потписнички да вршат невооружени летови за набљудување над териториите на другите држави потписнички.
Договорот беше потпишан пред 18 години заради зајакнување на довербата и спречување судири меѓу државите.
Вашингтон се повлекува од Договорот затоа што оценува дека Русија не се придржува на одредбите.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа