-->
-->
Русија подготвува одговор на очекуваните нови санкции
-->
Дмитри Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Русија подготвува одговор на очекуваното заострување на санкциите против неа, јави новинската агенција ТАСС.
- Ние ги сметаме санкциите од разни држави за незаконски. Би било погрешно ако сега ги откријам сите мерки кои ги подготвуваме да се заштитиме од овие ризици, изјави Песков.
Портпаролот беше прашан дали Русија подготвува програма за државна помош на нејзините воени компании кои може да се соочат со новите санкции најавени од страна на САД и на Европската унија поради војната во Украина и анексијата на Крим.
- Има предлози, со цел да бидат заштитени таквите компании при евентуално интензивирање на санкциите кон Русија, посочи Песков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава