Бизнис
12. July 2015 - 17:52

Русија планира директна испорака на горива за Грција

Русија планира директна испорака на горива за Грција, со цел да и помогне на земјата во зајакнување на својата економија, изјави денеска рускиот министер за енергетика Сергеј Новак. 

- Русија планира да го поддржи економското заздравување на Грција, со проширување на соработката во енергетскиот сектор. За таа цел ние ќе ги разгледаме можностите во брзо време да почнеме со директни испораки на енеретски суровини за Грција, изјави пред новинарите министерот Новак.