ЕУ нотира: Македонија не го рециклира отпадот – Зошто нема имплементација на легислативата за управување со отпадот?
Македонија не го рециклира отпадот. Имаме легислатива за управување со него, ама никаква имплементација. Претставниците од ЕУ, со чии пари денеска се заокружи проектот „Законодавство за управување и шема за проширена одговорност на производителот“, нотираа дека е потребна итна имплементација на истиот, од страна на засегнатите страни. Во спротивно, децидни се дека работите нема да се поместат од мртва точка. Моменталниот начин со кој државата се справува со отпадот, се коси со тоа што ЕУ го бара од нас како потенцијална членка за да се придружи на европското семејство.
Резултат од непочитувањето на законите се дивите депонии, сметаат експертите. Ниска е и свеста кај граѓаните дека треба да рециклираат за да живеат во здрава животна средина.
За имплементација на легислативата за управување со отпадот, неопходна е и институционална соработка. Поголема ангажираност на ресорното министерство, но и вработување на инспектори, бидејќи моментално има само 15 во цела држава.
Рециклирањето на отпадот е долг процес, бара пари, кадри и механизација. За споредба, стапката на рециклираниот комунален отпад во ЕУ е околу 50%. Напредок кој се должи на децениска работа, посветеност и инситуции.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар