Русија: Палмира целосно исчистена од мини

Руската армија денеска соопшти дека го завршила деминирањето на древниот град Палмира, откако силите на сирискиот режим минатиот месец го зазедоа градот што беше под контрола на Исламска држава.
- Процесот на деминирање на древниот дел на градот Палмира денеска е завршен во целост, изјави командантот на инженерската единица на руската армија Јуриј Ставицки, обраќајќи му се преку видео-врска од Сирија на рускиот претседател Владимир Путин.
Тој истакна дека од околу 2,3 метри квадратни површина во Палмира отстранети се речиси 3.000 експлозивни направи.
Руските инженери од 2. април со помош на роботот Уран-6 и специјално обучени кучиња расчистија 234 хектари земја, 23 километри патишта и десет архетектонски објекти.
Сириската војска со помош на руските сили ја врати Палмира под своја контрола на 27 март.
Ново на Сител
-

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка
-

По инцидентот во Подгорица, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција
-

Прв годишен форум за квалитет во високото образование во Скопје
-

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-

Уште пет дена кампања, одлуки за коалициите во вториот круг
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента
-

Трамп: Многу брзо ќе ја решам кризата меѓу Авганистан и Пакистан
-

Паднато дрво го блокира влезот на ОУ „Киро Глигоров“ - учениците влегуваа од другата страна
